„Злосторничка коалиција на дело, СДС, ДУИ и Левица, како попчиња го гласаа неразвојниот буџет на Арсовска“, велат ВМРО-ДПМНЕ

„Злосторничка коалиција на дело, СДС, ДУИ и Левица, како попчиња го гласаа неразвојниот буџет на Арсовска“, велат ВМРО-ДПМНЕ

пред 1 година

„Вчера, на седница на советот Град Скопје, по којзнае кој пат излезе на виделина коалицијата помеѓу СДС, ДУИ, Левица и Данела Арсовска“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Сите заедно, без око да им трепне, го изгласаа досега најлошиот буџет, во историјата на градот, во кој се укинуваат капиталните инвестиции, се намалуваат субвенциите, со цел да има повеќе пари за криминалците, во кругот на Арсовска.

Добро е што граѓаните знаат, дека ова е коалиција на неспособни партии и луѓе, кои делат исти вредности, како криминал, корупција и арогантност.

Очигледно сите заедно на куп, си обезбедија мед за цела година, а најмногу мед, секако ќе изеде, главната медарка, Данела Арсовска“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

Текстот „Злосторничка коалиција на дело, СДС, ДУИ и Левица, како попчиња го гласаа неразвојниот буџет на Арсовска“, велат ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top