ЗНАМ: Националниот парк „Галичица“ остварил 45 милиони денари од сопствени приходи и проекти за две години

ЗНАМ: Националниот парк „Галичица“ остварил 45 милиони денари од сопствени приходи и проекти за две години

пред 7 часа

Националниот парк „Галичица“ во изминатите две години остварил околу 29 милиони денари сопствени приходи, а дополнителни 16 милиони денари биле обезбедени преку проекти, соопшти Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, во рамки на двегодишниот институционален отчет на директорката на паркот, Фросе Ѓоргиевска.

Според соопштението, во 2025 година паркот остварил 9,9 милиони денари приходи од влезници, што претставува највисок износ од воспоставувањето на системот за наплата. Дополнителни 1,1 милион денари биле обезбедени преку спогодби со субјекти што работат во заштитеното подрачје.

Од ЗНАМ наведуваат дека средствата се насочени кон подобрување на туристичката инфраструктура, вклучувајќи инвестиции на локалитетот „Липона Ливада“ и планирани понтонски пристаништа на Преспанското Езеро.

Во отчетот се посочуваат и активности поврзани со европски и меѓународни проекти, меѓу кои Interreg Euro-MED, „Преспа – зелена и сина иницијатива“, како и апликациите за програмите HORIZON и LIFE4Galichica. Се наведува и соработката со Истражувачкиот центар за животна средина и материјали при МАНУ.

 

Текстот ЗНАМ: Националниот парк „Галичица“ остварил 45 милиони денари од сопствени приходи и проекти за две години е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top