ЗНМ и ССНМ најостро ги осудуваат навредите од советникот во општина Охрид Нефи Усеини кон новинарката Емилија Мисирлиевски

пред 2 години

Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ги осудуваат навредите и пцостите на советникот во општина Охрид, Нефи Усеини кој денеска ги упати кон колешката, дописничка за ТЕЛМА од Охрид, Емилија Мисирлиевски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„ Денеска на телефонски поставени новинарски прашања за конфилкт на интерес за тендерите на компанијата на неговата сопруга и одлуките на Совет на општина Охрид, каде што тој е советник, Усеини на колешката Мисирлиевски и возврати на непристоен и крајно дрзок начин, со пцости и навреди кон новинарката.

ЗНМ и ССНМ алармираат дека ваков однос од советниците во локалната власт, кои се избрани и платени од страна на граѓаните, кон новинарите и медиумските работници е недозволив. Потсетуваме дека избраните функционери, како што впрочем се и советниците, имаат обврска за професионален однос кон новинарите и медиумските работници и да даваат отчет за својата работа.

Лична пресметка со новинарите или медиумските работници во ниту еден случај не може да биде оправдана и затоа овој однос е и директна закана за безбедноста на новинарите, целата професија, што може да води кон самоцензура. Ваквиот однос е и удар на информирањето на јавноста и загрозување на јавниот интерес“ се вели во реакцијата на ЗНМ и ССНМ.

Оттаму апелираат во иднина, претставниците на политичките партии во општините, советниците, сериозно да поработат на односот со новинарите бидејќи, како што велат, токму тие се главната причина за слабото рангирање на земјата на светските индекси за слобода на медиумите и безбедноста на новинарите. Новинарските здруженија не само што нема да прифатат извинување, туку очекуваме и надлежните институциите да постапат по овој случај, се додава во реакцијата.

Share
Scroll to Top