Иванова: Деноноќно се работи да се спречи пожарот на депонијата во Радовиш

Иванова: Деноноќно се работи да се спречи пожарот на депонијата во Радовиш

пред 3 часа

Во една ваква сериозна состојба, додека институциите, пожарникарите и јавното претпријатие деноноќно се борат со пожарот на депонијата, за што граѓаните се редовно информирани и се сведоци на активностите, СДС Радовиш наместо конструктивен пристап, се обидува да ја претвори состојбата во инструмент за дневнополитички напади и собирање ситни политички поени, изјави Марија Иванова, од ОК Радовиш ВМРО-ДПМНЕ.

„Иако Општината континуирано, преку социјалните мрежи со фотографии и видеа, ја информира јавноста за сите активности на терен, крајно нечесно и манипулативно е да се тврди дека не се преземаат никакви мерки. Во изминатиот период, Општината, Јавното комунално претпријатие и Територијалната противпожарна единица деноноќно и со максимални напори интервенираа на терен за гаснење на пожарот и намалување на чадот, со целокупната неопходна механизација постојано ангажирана на локацијата. Таквите тврдења претставуваат свесно искривување на реалната состојба и замајување на јавноста“, рече таа.

Дополнително, додаде Иванова, граѓаните се сведоци дека видеата кои се објавуваат од страна на СДС Радовиш, се снимаат токму на самата депонија и во моменти кога активностите на терен се во тек, но намерно се изоставуваат клучните делови каде што механизацијата и екипите интензивно работат.

„Со ваков селективен приказ повторно се создава искривена слика и се доведуваат граѓаните до заблуда“, рече Иванова.

Текстот Иванова: Деноноќно се работи да се спречи пожарот на депонијата во Радовиш е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top