Носителот од Левица во ИЕ6, Игор Димески, денес беше на средба со тетовските пензионери.
Пред пензионерите ја претстави Програмата на Левица за целната група – пензионерите, за која партијата има поставено јасни законски прописи.
„Со Програмата на Левица целиме кон: линеарно покачување на пензиите, 2/3 повисоки пензии во однос на минималната плата, државни пензионерски домови, намалување на старосната граница за пензионирање и тоа: 60 години за жени, 62 години за мажи”, истакна Игор Димески од средбата со пензионерите во Тетово.
![]()
Носителот Игор Димески потенцираше дека пензионерите во денешно време се столб на финансирање на семејството и дека нивниот статус треба на општествено ниво да се промени и да имаат спокојна старост.
Исто така, Димески на тетовските пензионери им понуди бесплатана правна помош од страна на Левица и отворена соработка во секое време.
Пензионерите истакнаа дека се оставени самите на себе за одржување на здруженијата со свои финансии, а револтот го насочија и кон опустошениот пензиски фонд.
Текстот Игор Димески од Тетово: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите е превземен од МАКФАКС.





