Министерството за внатрешни работи го утврдило идентитетот на лицето кое за време на прославата на Денот на албанското знаме постави албанско знаме на полициско возило во Тетово.
Од МВР информираат дека по преземените мерки во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, лицето било идентификувано и повикано на разговор во полициска станица во присуство на родител.
Од полицијата најавуваат дека по целосното расчистување и документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Текстот Идентификувано лицето кое постави албанско знаме на полициско возило во Тетово е превземен од МАКФАКС.





