Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации

пред 11 месеци

До 12 часот активни се два пожари на отворен простор, еден пожар е под контрола, а еден е изгаснат.

Активните пожари се наоѓаат во село Богомила во општина Чашка, каде гори мешана шума, како и во село Грешница во општина Македонски Брод, во деградирана нискостеблеста шума, соопшти ЦУК.

Пожарот кој е под контрола е во село Стровија во општина Долнени, зад местото викано Гајдарец-Клепало, во нискостеблеста шума.

Пожарот што е изгаснат се наоѓа во село Слупчане во општина Липково, каде горела ниска вегетација.

Текстот Изгаснат пожарот кај Липково, гори на две локации е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top