„Изградбата на автопатот Охрид–Кичево напредува со силно темпо, Македонија забрзува“, вели Мицкоси

„Изградбата на автопатот Охрид–Кичево напредува со силно темпо, Македонија забрзува“, вели Мицкоси

пред 3 часа

Премиерот Христијан Мицкоски со објава на социјалните мрежи соопшти дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со засилено темпо и, како што наведе, проектот влегува во својата завршна фаза.

Според него, Владата постепено ги надминува најголемите предизвици што ги наследила при реализацијата на проектот, особено оние поврзани со свлечиштата и косините.

„Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, а најголемиот предизвик беа свлечиштата и косините“, истакна Мицкоски.

Тој информираше дека првата од вкупно 14 галерии е целосно завршена и асфалтирана, оценувајќи дека станува збор за сложен инженерски зафат поради специфичниот планински терен низ кој поминува трасата.

Мицкоски додаде дека со интензивно темпо се работи и на тунелите, каде што градежните активности, како што рече, се во завршна фаза.

Воедно посочи дека досега во употреба се пуштени 34 километри од автопатот, кои, според него, ги исполнуваат највисоките стандарди за безбедност и квалитет и секојдневно ги користат голем број граѓани.

„Остануваме целосно посветени на завршување на овој многу значаен капитален проект во предвидениот рок. Ова не е само проект, туку автопат што ги поврзува граѓаните и отвора нови можности за стопанството, туризмот и економскиот развој на државата“, порача премиерот.

Текстот „Изградбата на автопатот Охрид–Кичево напредува со силно темпо, Македонија забрзува“, вели Мицкоси е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top