Бројни гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот, дипломати од повеќе земји, од Германија, Јапонија, Велика Британија, од Франција се собраа синоќа во Македонскиот културно-информативен центар во Тирана на отворањето на изложбата на Зоран Кардула.
![]()
Делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност, што се манифестираше со реакциите на публиката.
![]()
Специјалитетот, крушевски локум и атмосферата со DJ Узун Баба беа дел од автентичноста на вечерта за што се погрижија директорот на Македонскиот КИЦ, Златко Ориѓански и уметникот Кардула.
Изложбата ќе биде отворена следните неколку месеци.




