Израел донира апарати за критични новороденчиња на Детската клиника

пред 3 години

Министерството за здравство информира дека денеска на Kлиниката за детски болeсти беше предадена донација од страна на амбасадата на Израел на иницијатива на амбасадорот Ден Ориан.

Донацијата се состои од перфузори (инфузиони пумпи) за правилно дозирање терапија и венвјуери за скенирање на вени кај критични новороденчиња. Со венвјуер апаратите за првпат ќе се врши одредување на пнеумоторакс односно зголемен воздушен притисок во бели дробови кај бебиња.

Овие апарaти ќе се монтираат во амбуланти возила за транспорт на критично болни деца, кои во државата треба да стигнат до крајот на 2021 година.

Денешната донација е дел од Перимак проектот на Проџект Хоуп кој има за цел да го организира неонаталниот транспорт во државата и да ја редуцира перинаталната смртност. Овој проект е имплементиран со поддршка на МЗ и започна во 2017 година.

Share
Scroll to Top