Инвеститори граделе без одобрение во Охрид и Струга, инспекторатот наложил уривање

Инвеститори граделе без одобрение во Охрид и Струга, инспекторатот наложил уривање

пред 10 часа

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.П. (46) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Според полицијата, таа како инвеститор, на катастарска парцела во охридското село Љубаништа, без правосилно одобрение за градење издадено од надлежниот сектор во општина Охрид, изградила објект за домување. Надлежен инспекторат донел решение за отстранување на градбата.

ОВР Струга, пак, поднесе кривична пријава против М.М. (58) од Струга, исто така поради сомнение за „бесправно градење“. Пријавениот, како инвеститор, без правосилно одобрение од општинскиот орган, изградил објект за домување и гаража на катастарска парцела во Струга.

Текстот Инвеститори граделе без одобрение во Охрид и Струга, инспекторатот наложил уривање е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top