(Интервју) Билјана Ивановска: За несудената конзулка во Њујорк, проблемот е кај Правобранителството

пред 2 години

Во државата се уште имаме висок степен на корупција, вели во интервјуто за „Макфакс“ претседателката на антикорупциската комисија, Билјана Ивановска.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Најризичните фактори што водат до корупција во државата, како што се: политичкото влијание, неказнивоста и недоволната транспарентност се уште постојат“, предупредува Ивановска, додавајќи дека од друга страна, радува фактот што свеста кај граѓаните се буди.

Кога станува збор за пополнување на анктетните листови од страна на политичарите, Ивановска појаснува дека тие во принцип се отчетни но има и такви кои се избрани и именувани на одредена функција а не поднеле анкетни листови.

„Нашите предмети не дошле до судството, нашите предмети се се уште заглавени во обвинителството“, потенцира Ивановска.

„Во случајот со Ејупи не сме ги надминале нашите надлежности, проблемот е кај Правобранителството кое треба да расчисти во своите редови“, додава претседателката на антикорупциска комисија.

За злоупотребата на службените возила во државните институции за приватни цели, за хонорарците во Генералниот секретаријат, за ризиците од корупција во државата, кој и каде затајува, во интервјуто за „Макфакс“, со Билјана Ивановска, претседателка на антикорупциска комисија.

Share
Scroll to Top