(Интервју) Марјан Ѓорчев: Францускиот предлог нè фрла во амбис и води кон сeриозни проблеми

пред 2 години

Македонија е внедрена во погрешна рамка закачена на погрешен ѕид, тој ѕид нè оддалечува од европската перспектива и не се знае кога ќе можеме да ја реализираме нашата желба, Македонија да биде една од жолтите ѕвезди на ЕУ, вели во интервју за „Макфакс“ поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија Марјан Ѓорчев во врска со францускиот предлог.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Република Бугарија ни одржа лекција во политичка култура“, оценува Ѓорчев.

„И додека кај нив сè беше направено со една отворена дебата, нашите институции не ја кажуваат вистината дека се преговарало. Значи тој таен пристап е погрешен“, нагласува Ѓорчев.

„Францускиот предлог каков што е, не само што е неприфатлив за нас, тој е противречен сам по себе“, дополнува Ѓорчев, но појаснува дека истиот противречи и на темелните вредности на ЕУ.

Предупредува дека во „отворањето на Уставот лежи стапицата“ за решавање на спорот со Бугарија.

„Уставот не е алваџиски тефтер да го отворате кога сакате“, потенцира Ѓорчев во интервјуто за „Макфакс“

„Каде е ставот на МАНУ, таа мора да биде консултирана. Бугарското општество секогаш прво се консултирало со бугарската академија, што ќе кажат белите коси, што ќе каже мудроста. Ние ќе криеме па потоа ќе отвориме нешто што нема да го дозатвориме и ќе дојдеме до ситуација до рационализација. Што треба да направиме ние за да не си ја скршиме главата од ѕид, треба да бидеме рационални, но и мудри?“, вели Ѓорчев.

Според него, власта не го објавува протоколот затоа што, како што вели, истиот е многу сензибилен и претставува тежок товар кој ќе предизвика дополнителни емоции кај секој Македонец.

За македонскиот јазик, историските прашања, кои се опасните делови и каде се кријат замките во францускиот предлог од страна на Бугарија, во интервју за „Макфакс“ одговара поранешниот амбасадор на Македонија во Бугарија, Марјан Ѓорчев.

Share
Scroll to Top