(Интервју) Нано Ружин: Војната во Украина нема да трае повеќе од еден месец

пред 2 години

Путин е непредвидлив човек и според светските аналитичари никој не знае што точно сака и каде ќе застане по инвазијата на Русија врз Украина, вели поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО, Нано Ружин.

Според Ружин и кај двете страни во руско-украинскиот конфликт постои желба за договор.

„Со ваквиот чекор Путин за сите времиња ги прекинува врските со Киев, го обедини НАТО и ЕУ и ја обедини украинската нација“, вели Ружин.

Додава дека во овој момент не постои можност рускиот претседател да се одлучи да нападне земја членка на НАТО.

„Западот премногу го изолира Путин и пропушти да направи модерна Русија, го остави сам со неговите размислувања во Кремљ“, вели во интервјуто поранешниот амбасадор на Македонија во НАТО.

Share
Scroll to Top