Ирската писателка Лиза Макиненри гостинка на Меѓународниот саем на книга

пред 2 години

Ирската писателка Лиза Макинерни, авторка на романот „Свети ереси“, вчера пристигна во Скопје и денес ќе биде гостинка на Меѓународниот саем на книгата. Според програмата официјалната промоција на романот и претставувањето на авторката ќе биде денес во 19 часот, во промотивниот центар во салата „Борис Трајковски“. Претходно авторката Макинерни ќе се сретне со љубителите на книгата и ќе им ја посветува својата книга на штандот на издавачот „Бата прес“. Делото од англиски го преведе Ацо Пероски, а ќе го промовира Пепи Стамков.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Објавувањето е поддржано од Секторот за евроинтеграции на Министерството за култура и програмата Креативна Европа на Европската Унија. Ова е уште една од десетте книги од десет различни европски јазици што „Бата прес“ ги објавува во минатата и оваа година во рамките на проектот „Отворени книги – отворени граници“.

Пред доаѓањето о Скопје, авторката имаше видео обраќање до македонските читатели и даде интервју во кое, зборувајќи за книгата „Свети ереси“, меѓу другото истакнува дека „ликовите во романот се луѓе што живеат на периферијата од ирското општество. Така неволјите во кои запаѓаат и нередот што го прават не се типични за ирскиот начин на живот, но тие се случуваат и тие се, во таа смисла, всушност многу вистински, нагласува Лиза Макинерни.

Авторката Лиза Макинерни е родена 1981 година во работничко семејство, во Галвеј, Ирска. По завршувањето на средното училиште студирала англиски јазик и географија на Универзитетскиот колеџ во Корк. Пишува романи, кратки раскази, есеи, статии.

За романот „Свети ереси“ ги доби престижната награда за жена автор на фикција (Baileys Women’s Prize for Fiction) и наградата Дезмонд Елиот (Desmond Elliott) во 2016 година.

Има добиено повеќе награди во Франција, Италија, Шпанија, а нејзините дела се преведени на француски, шпански, холандски, германски, чешки, српски, дански, полски, македонски и други јазици.

Share
Scroll to Top