Историски чекор за здравството во Тетово, 𝟣𝟦𝟧 вработувања во Клиничката болница, велат од Влен

Историски чекор за здравството во Тетово, 𝟣𝟦𝟧 вработувања во Клиничката болница, велат од Влен

пред 4 часа

„Здравството е меѓу главните приоритети на ВЛЕН, а зајакнувањето и модернизацијата на здравствените установи продолжува со конкретни чекори. Во оваа насока, под раководство на кадрите на ВЛЕН, Клиничката болница во Тетово се зајакнува со 145 нови вработени – 107 медицински кадри, 28 специјализанти и 10 технички работници. Според директорот на болницата, Ерзен Елези, ова е најголемиот број вработувања реализирани досега во историјата на оваа установа“, велат од Влен.

„Процесот ќе продолжи и во наредните месеци. Во септември се очекуваат уште 22 специјализанти, а потоа ќе продолжат постапките за 12 помошни медицински сестри и 25 административни работници, односно вкупно уште 59 нови вработувања.

Покрај зајакнувањето на кадарот, Одделот за урологија е реновиран и опремен со нова медицинска опрема, додека Кардиологијата е преместена во посоодветни простории, со што се подобруваат условите за пациентите и персоналот.

Клиничката болница во Тетово им служи на повеќе од 250 илјади жители на Полошкиот регион. За ВЛЕН, зајакнувањето на човечките капацитети, подобрувањето на условите и обезбедувањето поквалитетни здравствени услуги се дел од заложбите за пофункционален здравствен систем, поблизок до граѓаните“, соопшти Влен.

Текстот Историски чекор за здравството во Тетово, 𝟣𝟦𝟧 вработувања во Клиничката болница, велат од Влен е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top