Исто како Заев, за власт Филипче е спремен да ги прифати пошироките бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Исто како Заев, за власт Филипче е спремен да ги прифати пошироките бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ

пред 6 часа

Заслепен од желбата да дојде на власт, Венко Филипче се претвори во специјален бугарски пратеник и единствен кој верува дека уставните измени се последната и единствена пречка на патот кон Европската Унија, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според нив, наспроти пораките на официјална Софија дека Бугарите во македонскиот Устав се последно барање, на кои, како што велат, веруваат само СДС и Филипче, бугарскиот премиер, Румен Радев има јавни настапи каде што вели дека македонските револуционери како Гоце Делчев и Јане Сандански се Бугари.

„Радев оди понатаму и вели дека дејци како браќата Миладиновци, основоположниците на словенската писменост, Светите браќа Кирил и Методиј, како Климент и Наум Охридски се Бугари и се дел од бугарската историја.

Бугарскиот премиер, поранешен претседател, Румен Радев, го негира и македонскиот јазик, при што вели дека потекнува од бугарскиот и дека постои од 1945 година.

Ова не е сè. Радев го оспорува и негира и македонскиот идентитет, за кој, исто така вели, дека пости од 1945 и дека пред тоа сме биле Бугари. Кај што стигнал на јавен настап пред поголема маса на луѓе, Румен Радев не се воздржува, славната и надалеку прочуена македонска историја, да ја претставува како бугарска“.

За партијата на власт, потрагично од сето ова е што, како што додаваат, од домашните предавници, СДС, Зоран Заев и Венко Филипче нема осуда за ваквите настапи и јавни негирања, оспорувања и присвојувања на македонски национални обележја, херои, великодостојници, историја, култура.

„Иако сето ова се случувало и во периодот кога тие беа власт во Македонија.

СДС и Венко Филипче за негирањата молчат, но затоа, пак, се најгласни за прифаќање на бугарските ултиматуми. Филипче се претворил во пиун на Радев, на кој збор не смее да му врати, и специјален бугарски пратеник за спроведување на бугарската агенда.

Многу е очигледно дека, освен внесувањето на неколку илјади Бугари во устав не е ниту единствен ниту последен услов за евроинтегративниот процес, туку Бугарија има пошироки барања за Македонија кои директно навлегуваат во прашањата за македонскиот идентитет, историја и културно наследство.

Од друга страна, на виделина излегува тоа дека Филипче, исто како и Заев, за власт и за амнестија на криминалите, спремен е на нови национални предавства. Граѓаните имаат право да знаат какви се идентитетски и национални отстапки би следеле доколку СДС и Венко Филипче, повторно добијат можност да дојдат на државни позиции и да одлучуваат за државни работи“.

На македонските граѓани, нагласуваат од партијата на власт, им е доста од отстапки и ултиматуми. „Тие остро се спротивставуваат на поданичката политика на СДС и Филипче, кои ги донесоа да бидат трета партија, со одвај 130 илјади гласа.

ВМРО-ДПМНЕ смета дека македонските национални интереси, достоинството на државата и историската вистина не смеат да бидат предмет на политички договори и трговија за власт и цврсто стои на овој став, кој граѓаните го препознаваат“.

Текстот Исто како Заев, за власт Филипче е спремен да ги прифати пошироките бугарски барања кои задираат во македонскиот национален идентитет, велат од ВМРО-ДПМНЕ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top