Каевски: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да им се извинат на граѓаните

пред 2 години

„Пропаднаа сите лаги што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ги пласираа во јавноста. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ свесно пласираа невистини, лажни вести преку кои дома ги плашеа граѓаните со наводна асимилација и бугаризација, а надвор ги поткопуваа државните позиции. Лажеше Мицкоски и за наводна распродажба на идентитетот, на историјата и македонскиот јазик“ рече денеска на прес-конференција Дарко Каевски, пратеник и портпарол на СДСМ.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Тој смета дека е „неодговорно, незрело и антидржавно однесување во клучни моменти за земјата и го покажува вистинското лице на оваа партија“.

„Откако сите нивни лаги пропаднаа, најмалку што можат да сторат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ е да им се извинат на граѓаните. Крајно време е Мицкоски да се промени и да застанат на страната на државата, на граѓаните, да ги поддржи државните позиции во односите со Бугарија наместо да ги поткопуваат“ вели Каевски. тоа како ќе постапуваат Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ.

Share
Scroll to Top