Казнети 167 возачи во Скопје, 14 за брзо возење

пред 3 години

На територијата на Скопје казнети се вкупно 167 возачи за непочитување на сообраќајните правила, соопшти министерството за внатрешни работи.

За непочитување на брзина на движење казни добиле 14 возачи, 10 санкции биле изречени за возење без возачка дозвола, три за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Седум возачи биле казнети за користење мобилен телефон, шест за минување на црвено светло, три за некористење сигурносен појас, 66 за непрописно паркирани возила.

Од МВР информираат дека биле казнети и 36 пешаци поради сторени прекршоци.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови додавааат од ресорното министерство и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила.

Share
Scroll to Top