Во период од една недела изречени се 19 казни за прекршување на Законот за јавна чистота на територијата на Град Скопје.
Комуналните редари санкционираат несовесни граѓани за прекршоци како фрлање и оставање на отпадоци од градежен материјал, фрлање и оставање на хартија, отпушоци, амбалажи и други отпадоци, фрлање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности, продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи.
Активностите беа спроведени во општините Центар, Карпош, Аеродром, додека дополнителни екипи делуваат на Водно и други локации.