Казнети 192 возачи во Ѓорче Петров

пред 4 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот. Само на територијата на општина Ѓорче Петров изречени се вкупно 192 санкции, меѓу кои возење без возачка дозвола 28 лица, 17 технички неисправни и нерегистрирани возила, 11 прекршоци на мотоциклисти.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, соопшти МВР.

Share
Scroll to Top