Казнети 214 возачи во Скопје

пред 3 години

Полицијата за еден казни 214 возачи во Скопје за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (04.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 214 казни, меѓу кои 18 за возење без возачка дозвола, осум за технички неисправни и нерегистрирани возила, 18 за користење на мобилен телефон.

Изречени се осум казни за минување на црвено светло, 22  за непочитување на брзина на движење, шест за некористење на сигурносен појас, седум за непрописно престројување на возила и 73 санкции за непрописно паркирање.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top