Полицијата за еден ден казнила 226 возачи во Центар.
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (23.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територијата на Центар изречени се вкупно 226 казни, меѓу кои за возење без возачка дозвола осум, 12 за нерегистрирани возила, седум за технички неисправни возила во јавен превоз. Казнети се 26 возачи за користење мобилен телефон и 14 за минување на црвено светло.
Казнети се и седум пешаци и 15 изречени се мерки за неносење заштитна маска.
„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.