Казнети 243 возачи во Скопје

пред 3 години

Полицијата за еден ден казнила 243 возачи во Скопје за разни прекршоци.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (10.12.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 243 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 21 санкциja, 16 казни за нерегистрирани возила, девет за користење на мобилен телефон, 60 мерки за непрописно паркирани возила.

Исто така, 45 возила се подигнати од „пајак“ службата и изречени се 27 санкции за неносење заштитна маска.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top