Полицијата вчера казнила 299 лица за неносење заштитна маска.
„Во текот на изминатото деноноќие (09/10.11.2020) на територијата на Република Северна Македонија, по однос на мерката за носење лична заштита на лице, регистрирани се 299 прекршоци“, соопшти Министерството за внатрешни работи.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат мерките и протоколите донесени од Владата, со цел справување со ковид-19.