Казнети 94 возачи во Чаир

пред 3 години

Полицијата за еден ден казни 94 возачи во Чаир, од кои 11 биле без возачка дозвола.

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (09.02.) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

Во Чаир казнети се 94 возачи, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11,, пет за технички неисправни и нерегистрирани возила, седум за користење мобилен телефон. Изречени се осум казни за минување на црвено светло и шест за непрописно престројување.

„Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот“, велат од МВР.

Share
Scroll to Top