Казни за 105 возачи во Скопје

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 105 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 17 санкции, седум мерки за возење без возачка дозвола, седум санкции за прекршоци што ги прават возачите за мотоцикл.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, шест санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири мерки за возач почетник…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top