Казни за 138 возачи во Скопје, од нив 81 за брзо возење

пред 4 години

На територијата на град Скопје изречени се вкупно 138 казни, меѓу кои за непочитување на брзината на движење 81 санкција, пет за возење без возачка дозвола, пет за користење мобилен телефон, три за некористење на сигурносен појас, 29 казни за непрописно паркирани возила.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови, известува МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема безбедност во сообраќајот.

Share
Scroll to Top