Казни за 140 возачи во Скопје, 46 за брзо возење

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (29.03.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 140 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 46 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени се девет мерки за користење мобилен телефон, пет санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), четири мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 38 за непрописно паркирање…

МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top