Казни за 143 возачи во Скопје, 48 возеле под дејство на алкохол

пред 3 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје биле изречени вкупно 143 казни, меѓу кои за возење под дејство на алкохол 48 санкции, 19 мерки за возење над дозволената брзина, 20 казни за возење без возачка дозвола.

Биле изречени 11 казни за непрописно паркирање, четири мерки за минување на црвено светло, три мерки за некористење сигурносен појас, четири санкции за користење мобилен телефон, четири мерки за возач почетник, седум мерки за нерегистрирани возила.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најави полицијата. Апелира до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top