Казни за 156 пешаци во Скопје

пред 2 години

Денеска во периодот од 11 до 16 часот полициски службеници на СВР Скопје спровеле акциска контрола за откривање на прекршоци што ги прават пешаците, при што биле санкционирани 156 пешаци кои не ги почитувале сообраќајните прописи.

Од нив 118 поминале надвор од пешачки премин, а 38 поминале на црвено светло.

Министерството за внатрешни работи продолжува со засилените акциски контроли во сообраќајот и во наредниот период, велат од таму и апелираат до возачите секогаш да им даваат првенство на пешаците, а пешаците, исто така, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top