Казни за 158 возачи во Скопје, 30 возеле над дозволеното

пред 2 години

По засилените акциски контроли во областа на сообраќајот вчера на територија на град Скопје биле изречени вкупно 158 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 30 санкции, девет мерки за возење без возачка дозвола, осум санкции за возење под дејство на алкохол, пет мерки за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и 18 мерки за користење мобилен телефон, 10 казни за некористење сигурносен појас, осум мерки за недавање првенство на минување на пешаци, 37 за непрописно паркирање.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, велат од МВР и апелираат до граѓаните да се почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Share
Scroll to Top