Казни за 300 возачи во Скопје, 57 возеле над дозволеното

пред 2 години

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територијата на град Скопје биле изречени вкупно 300 казни, меѓу кои за возење над дозволената брзина 57 санкции, 56 мерки за возење без возачка дозвола, 23 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила.

Изречени биле и 19 казни за користење мобилен телефон, осум за некористење сигурносен појас, пет за возење под дејство на алкохол, шест прекршоци што ги направиле возачите на мотоцикли, пет за минување на затворен сигнал (црвено светло).

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови, најавија од МВР.

Share
Scroll to Top