Казни за 42 возачи за брзо возење на територијата на Штип

пред 2 години

Денеска во периодот од 07.00 до 11.00 на подрачјето на Штип, полициски службеници спроведоа акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.

За време на контролата биле констатирани 42 прекршоци, од кои 33 надвор од населено место и 9 во населено место. На сите возачи им биле изречени соодветни санкции.

Засилените контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Share
Scroll to Top