„Како гласаа функционерите на ВМРО-ОКГ на изборите во Бугарија“, прашува СДСМ

„Како гласаа функционерите на ВМРО-ОКГ на изборите во Бугарија“, прашува СДСМ

пред 2 часа

„Додека го блокираат европскиот пат на Македонија и намерно создаваат конфликти со Бугарија, многу функционери од ВМРО-ОКГ си обезбедија бугарски пасоши – пасоши на ЕУ“, велат од СДСМ.

„Антонио Милошоски од Вазараждане, Софија; Никола Мицевски од Ќустендил; Сања Божиновска од Софија; Стефан Андоновски од Ќустендил; Марија Андоновска од Благоевград; Бојан Стојановски од Благоевград; Иван Јорданов од Ќустендил; Игор Здравковски од Ќустендил; Марија Петрушевска од Средец; Александар Пандов од Средец; Петар Богојески од Обориште. Вицепремиери, министри, пратеници, градоначалници, директори, функционери на ВМРО-ОКГ.

Па да ги прашаме за кого вчера гласаа овие чувари на македонскиот идентитет, Бугари и што очекуваат од новата влада која ќе ја предводи Радев“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Текстот „Како гласаа функционерите на ВМРО-ОКГ на изборите во Бугарија“, прашува СДСМ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top