Товарен камион се преврте пред влезот на Штип, при минување на патарина.
Несреќата се случи утринава, а направена е голема материјална штета.
Стоката која ја превезувал, поради силината на ударот и превртената приколка е испадната. Од она што е познато, две кабини од патарината се целосно уништени, а истата не е пуштена во функција, што значи биле празни.
Од МВР велат дека го проверуваат случајот. Полицијата прави увид, а засега причините за несреќата се непознати. Не се знае ниту дали е повреден возачот кој управувал со товарното возило, ниту дали друго возило учествувало во несреќата.