Каракачанов изрази сочувство за жртвите од несреќата: Ние сме браќа и болката е заедничка

пред 2 години

Лидерот на ВМРО, Красимир Каракачанов ја изрази својата тага за трагичниот инцидент со македонски автобус на автопатот Струма.

„ Застрашувачки, тешко и неразбирливо. Не можам да најдам зборови да ја искажам тагата и болката од страшната сообраќајка на автопатот Струма пред неколку часа. 45 луѓе, меѓу кои и малолетници, го напуштија овој свет на суров начин. Нашите браќа и сестри од Македонија. Бог да ги прости! “ истакна Каракачанов.

Тој изрази искрено сочувство до роднините на загинатите и до цела Македонија.

„ Во овој момент, треба да бидеме заедно повеќе од кога било. Ние сме браќа и нашата болка е заедничка. Како човек и како лидер на ВМРО повикувам на смирение, емпатија и единство за да ја надминеме нашата тага, вели Красимир Каракачанов.

Share
Scroll to Top