Кај Куманово приведен косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

Кај Куманово приведен косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација

пред 2 дена

На 15 мај околу 4 часот на автопатот Куманово-Скопје, во близина на влезот на Куманово, полицијата изврши контрола во автобус „мерцедес“ со турски национални ознаки, управуван од турски државјанин, а кој сообраќал на релација Турција – Бугарија – Македонија – Косово.

При прегледот на патниците, кај М.Ш.(36) од Косово биле пронајдени повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација.

Лицето било приведено и предадено на полициски службеници од СВР Куманово. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Текстот Кај Куманово приведен косовски државјанин, пренесувал облека од познати марки без документација е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top