Седум пациенти се згрижени во Клиника Жан Митрев, за критичните се очекува да бидат преземени и да биде организиран трансфер во странство

Клиниката „Жан Митрев“ згрижи 9 пациенти: тројца се испратени во соседните земји, тројца се пуштени дома, а другите се задржани на понатамошна опсервација

пред 1 година

Клиниката „Жан Митрев“ извести дека досега вкупно девет пациенти биле згрижени тука, од кои тројца, кои беа во животна опасност и беа итно интубирани, се пренесени на лекување во соседните земји. Другите шест пациенти добија соодветен третман, при што тројца од нив веќе се во стабилна состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување, а тројца остануваат на дополнителна опсервација.

„Клиниката ‘Жан Митрев’ од првиот момент ги отвори вратите за сите повредени во трагичниот настан во Кочани и со целосна поддршка и максимална посветеност ги стави на располагање сите свои ресурси, целиот медицински персонал, болничките капацитети и амбулантните возила.

Тимот на болницата – лекари, медицински сестри и болничари, заедно со специјално опремените амбулантни возила, постојано се ангажирани во транспорт на најтешко повредените пациенти не само до и од клиниката туку и од други здравствени установи во земјата и странство. Во изминатиот период беа транспортирани повеќе од десет пациенти кон разни здравствени центри вклучувајќи ги аеродромите во Скопје и Солун, како и болниците во Белград, „8 Септември“, Клиничката болница „Климент Охридски“ и други“, велат од Клиниката „Жан Митрев“.

Текстот Клиниката „Жан Митрев“ згрижи 9 пациенти: тројца се испратени во соседните земји, тројца се пуштени дома, а другите се задржани на понатамошна опсервација е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top