Коалицијата Менуваме бара пристапен јавен превоз за лицата со попреченост

пред 2 години

Коалицијата Менуваме оствари средба со Директорот на ЈСП Скопје со цел пристапен јавен превоз за остварување на правата на еднаквост, достоинствен живот и активно вклучување во целокупниот економски, културен, општествен живот на лицата со попреченост.

“Нам овие права ни се гарантирани согласно сите меѓународни конвенции и Уставот, меѓутоа поради невидливост во системот, остварувањето на овие права не е прилагодено на нашите потреби и можности, како лица со попреченост. Се надеваме на поголема инволвираност од страна на ЈСП Скопје и Градот Скопје како и Арсовска, бидејки според сите Конвенции, ЕКЧП, прашањето на попреченост а е на локално ниво”, стои во соопштението од Коалицијата Менуваме.

Коалицијата Менуваме бара од Град Скопје и Градоначалничката Арсовска да донесе одлука на совет да од 01 01 2022 да и во приватниот јавен превоз се инсталираат асистивни технологии како: рампа за лица со телесна попреченост,говорен водич за лица со оштетен вид и монитор за водич за лица со оштетен слух и говор и посебни потреби.

Share
Scroll to Top