Коалицијата „Менуваме“ упати неколку барања до Владата за подобрување на животот на лицата со попреченост. Од таму најавија дека ќе блокираат крстосници и ќе поставт шатори спроти Собранието доколку не бидат исполнети нивните барања.
Коалицијата, меѓу другото, бара покачување на додатокот за попреченост на 12.000 денари и во наредните две години да се изедначи со минималната плата независно од другите примања на корисникот, воведување на бели стапчиња, мерачи за шеќер и притисок за лица со попречен вид на товар на фондот, потоа пренамена и адаптација на центрите за згрижување во центри за рехабилитација на деца и лица со попреченост и посебни потреби.
Се бара и симнување на старосната граница за деца со попреченост и посебни потреби од 26 на 18, основање на институција Народен правобранител облигационен за деца и лица со попреченост и посебни потреби по моделот и методологијата на Норвешка и регулирање на донациски активности за лекување на ретки болести и посебни потреби, во земјата и странство.
Коалицијата „Менуваме“ вчера одржа протест пред Владата на кој изрази револт за неправдите со кои се соочуваат лицата со попреченост.