Ковачевски и лидерите од регионот на церемонија за терминалот за течен природен гас во Александруполи

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на свечената церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Покрај македонскиот премиер, на церемонијата ќе присуствуваат и претседателот на Евроскиот Совет, Шарл Мишел, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, премиерот на Бугарија Кирил Петков и претседателот на Србија Александар Вучиќ.

Во состав на Владината делегација предводена од премиерот Ковачевски, ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.

Изградбата на новиот пловечки терминал за ЛНГ ќе го подобри снабдувањето со гас и инфраструктурата во целиот регион на Југоисточна Европа, се вели во соопштението на Европскиот совет. Од Брисел напоменуваат и дека изградбата на тој терминал ќе и помогне на Европската унија што поскоро да ја намали зависноста од рускиот гас. Проектот ќе обезбеди нови извори и правци за снабдување со природен гас и ќе ја подобри безбедноста на снабдувањето во Грција, Бугарија и другите земји во регионот, соопшти Европскиот совет.

 

Share
Scroll to Top