Ковачевски – Клингбел: Силна поддршка од германската СДП за СДСМ и проевропска Влада

Ковачевски – Клингбел: Силна поддршка од германската СДП за СДСМ и проевропска Влада

пред 3 месеци

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Димитар Ковачевски, попладнево во Скопје се сретна со претседателот на Социјалдемократската партија на Германија, Ларс Клингбел.

На состанокот е изразена силна поддршка за СДСМ на претстојните избори и очекување дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија ќе ја формира новата проевропска Влада, којашто ќе осигура полноправно членство на земјава во ЕУ, во следните неколку години.

На средбата се разговараше за повеќе актуелни прашања од значење за нашата држава и за регионот и пошироко.

Констатирано е дека во досегашниот 6-годишен мандат на македонската проевропска Влада, се обновија слободата и демократијата и државата се постави на јасен евроатлантски колосек. Со социјалдемократските и проевропски политики, во исклучително специфичниот геополитички контест, како што е оценето, се постигна заштита на стандардот, дури и највисоки досега плати и пензии и одржливост на економијата. Од друга страна, со кохезивните и мултиетничките капацитети и политиките на дијалог, се овозможи стабилност на Владата, а со тоа и стабилност во државата и придонес во регионалната и во европската стабилност и безбедност.

Во таа насока се процени дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија има коалициски капацитети како ниедна друга партија во земјава, со што може да обезбеди и по изборите, формирање стабилна Влада со проевропска ориентација, којашто ќе сработи за конечна интеграција на Северна Македонија во ЕУ, во динамичен процес, до 2030 година.

Заеднички е оценето дека радикалните националистички наративи на ваквите партии се сериозна закана за натамошниот развој на државата, со таква рефлексија на стратешките партнерства со меѓународните пријатели, но и по државната стабилност и безбедност.

Претседателот на СДСМ, Ковачевски, заедно со заменик претседателката Сања Лукаревска и генералниот секретар, Миле Зечевиќ Вардарски, имаше средба со претседателот на германската СДП, Клингбел, во пресрет на вечерашната Панел-дискусија во Скопје, во организација на германската фондација Фридрих Еберт. На панелот на тема: „Прогресивни политики – одговор на предизвиците на земјите од Западен Балкан“ ќе присуствуваат и говорат социјалдемократски лидери на партии од регионот, меѓу кои и секако, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Текстот Ковачевски – Клингбел: Силна поддршка од германската СДП за СДСМ и проевропска Влада е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top