Ковачевски: Македонскиот народ ниту некој успеал досега да го асимилира, ниту некогаш ќе се случи да го асимилира

пред 2 години

Премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање рече дека Македонскиот народ ниту некој успеал досега да го асимилира, ниту го асимилирал, ниту некогаш ќе се случи некој да го асимилира.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Ние сме горди на својата историја, горди сме на својот јазик, горди сме на својот идентитет со сите негови аспекти. Така било, така е и така ќе биде. Имавме средба на која што јас го претставив предлогот, на која што претседателот на ВМРО – ДПМНЕ ги истакна своите размислувања и позиции и како и секогаш апелирав дека ова е голема одлука за која што треба државничко однесување и ни треба ладна глава која пред се ќе значи мир, стабилност во државата за да можеме да ја донесеме вистинската одлука”, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека апсолутно се согласува со претседателот Стево Пендаровски дека од преговарачите треба да се побара придржување на Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во овој процес.

„Претседателот имаше едно исклучително државничко обраќање до сите граѓани на државата и нормално дека го поддржувам во тоа дека ние ќе ги побараме како Влада од нашите преговарачи до нашите институции сите гаранции дека тие ќе се придржуваат до резолуцијата која сме ја донеле во Собранието, а во која се отсликани нашите позиции”, рече Ковачевски.

Share
Scroll to Top