Ковачевски најави лидерска средба, по што на веб страницата ќе биде објавен францускиот предлог

пред 2 години

Предлогот од француското претседателство во интегрална форма ќе биде објавено денеска на официјалната владина веб страница по средбата со владината коалиција, најави претседателот на Владата, Димитар Ковачевски.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Toj за денеска најави повеќе средби и консултации во врска со предлогот.

„ Како што ветив, отвораме процес на широки консултации. Денеска во 11:00 часот во Владата ќе се одржи средба на лидерите на партиите од владината коалиција на која ќе се разгледува предлогот на француското претседателство. Веднаш по средбата, предлогот во интегрална форма ќе го објавиме на официјалната веб страна на Владата. Во текот на денот, покрај средбата со владината коалиција, ќе се одржат консултации и разговори со експертската и стручната јавност како и со медиумите. Како што веќе најавив вчера целиот процес ќе се одвива транспарентно, а јавноста во детали ќе биде запознаена со сите следни чекори.

Повикувам на одговорност од сите релевантни чинители во општеството, шпекулации за важни државни и национални прашање не одат никому во прилог.

Оттука, апелирам до сите политички актери и медиумите да се потпираат на официјалните информации од институциите. Барам конструктивност и поддршка од сите чинители за да донесеме мудра одлука во интерес на сите граѓани”, се наведува во статусот на фејсбук профилот на премиерот Ковачевски.

Share
Scroll to Top