Ковачевски: Не на 100, туку на 96 дена пред Влада ќе си поднесам оставка, ВМРО не го почитува законот ако не учествува

Ковачевски: Не на 100, туку на 96 дена пред Влада ќе си поднесам оставка, ВМРО не го почитува законот ако не учествува

пред 5 месеци

Разговорите со дел од коалиционите партнери веќе се започнати и како што одминува времето така ќе се интензивираат разговорите во однос на настапот на изборите, кажа денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Во однос на тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе биде дел од техничката влада, премиерот рече дека тоа е законска обврска.

– Тоа е исто како мене да ме прашате дали ќе поднесам оставка на сто дена пред влада, а јас да ви кажам, не ќе поднесам на 96. Тоа е непочитување на Закон. Сите политички партии согласно со Законот за Влада и Законот за избори, треба да ги исполнат своите обврски, да не се остава никаква дамка на изборниот процес, кажа Ковачевски.

Вчера ЦО на СДСМ ги донесе сите потребни одлуки за учество во техничката влада.

„Ги дефиниравме нашите предлози за министри, предлози за заменици министри, предлози за дополнителни заменици министри во МВР и во МТСП, нашиот координатор официјално беше промовиран во кандадат за претседател во Собранието, рече Ковачесвки.

Тој најави средба со Мицкоски, но не прецизираше кога ќе биде.

Текстот Ковачевски: Не на 100, туку на 96 дена пред Влада ќе си поднесам оставка, ВМРО не го почитува законот ако не учествува е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top