Скопјани да бидат спокојни, парно ќе имаат и денеска и овој викенд и во текот на цела грејна сезона со соодветна температура, соопшти на социјалните мрежи претседателот на СДСМ и мандатар за состав на нова влада, Димитар Ковачевски.
„Како што најавив, Владата ги активираше сите механизми, ги презеде чекорите за да обезбеди топли домови и проблемот е надминат. Владините претставници детално ќе информираат за решението на прес-конференција.
Грижата за нашите сограѓани не е предизборен памфлет, туку преземање одговорност кога е најпотребно“, посочува Ковачевски.