Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска присуствуваше на настанот на кој беа презентирани дел од воздухопловите и друга воена опрема на армиите на сојузничките земји коишто учествуваат во воената вежба „Брз одговор 22“ или „Swift Response 22“, како најголемата што досега се реализирала во Северна Македонија.
var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);
„Задоволство е да се биде денеска тука, на Спортскиот аеродром Стенковец. Тукушто го проследивме приказот на воздухопловите во рамки на вежбата „Брз одговор 22“ или „Swift Response 22“. Најголемата воена вежба што досега се реализирала во Северна Македонија. „Брз одговор 22“ се реализира во три региони: Арктикот, Балканскиот и Балтичкиот регион, и во неа учествуваат околу 4.600 армиски припадници од 8 различни сојузнички земји. Северна Македонија како домаќин на голема и сложена НАТО вежба, уште еднаш покажува дека нашите армиски капацитети се подготвени и оперативни да одговорат на операциите како и сите наши сојузнички армии”, изјави Премиерот Димитар Ковачевски
Тој додаде дека вежбата, во целост ги демонстрира капацитетите и способностите на тренинг центарот на Криволак. Подеднакво важно, оваа вежба ги покажува соработката и духот на единството во Алијансата, бидејќи во неа заедно соработуваат и се надградуваат македонските но и американските, британските, француските, италијанските, црногорските, грчките и албанските армиски припадници.
На оваа вежба и претходеше вежбата „Блесок 22“ каде пешадискиот баталјон беше оценет со високи позитивни оцени. Овие оцени укажуваат дека сме подготвени да дејствуваме заедно со нашите сојузници согласно единствени стандарди. Дека сме спремни за заедничко делување во справување со современите безбедносни закани.
“Ова е една од придобивките на сојузништвото во НАТО. Армијата ни јакне, така ја обезбедуваме сигурноста дома. На истиот начин на кој сите сојузници на НАТО се обединети во политиката, обединети се и во воената одбрана. Единството на Алијансата е најсилната карактеристика на НАТО. Тоа што сите сојузници се здружени во своите ставови, во своите одлуки, го прави НАТО обединето и силно. Оваа вежба е манифестација на способноста на Армијата на Северна Македонија, бидејќи е резултат на долг планирачки процес. Изработена е согласно едногодишниот план за вежби на Армијата и Воздухопловните сили на САД. Продолжуваме заедно во градењето на моќна одбрана. И на Северна Македонија, и на Алијансата“, изјави Премиерот Ковачевски.