Ковачевски: Со меѓународната поддршка Отворен Балкан е двигател на евроинтеграциите за регионот

пред 3 години

Премиерот Димитар Ковачевски, во рамките на агендата на самитот Отворен Балкан се обрати на тркалезната маса на која присуствуваа претставници на дипломатските претставништва и на меѓународните организации застапени во регионот.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

Во своето обраќање, Ковачевски се заблагодари за поддршката за Отворен Балкан, која како регионална иницијатива е насочена кон, како што рече, олеснување на трговијата и поттикнување на економскиот развој во регионот.

„Се поврзуваме со јасна, отворена и јавна намера за нашите луѓе веднаш да ги почувствуваат придобивките од она што го нудиме. Очекуваме тие придобивки да биде почувствувани и во домашниот буџет на милиони семејства, во квалитетот на живот на милиони граѓани“, истакна премиерот и додаде дека иницијативата е отворена за сите земји од регионот.

Ковачевски потенцира дека од политички аспект, Отворен Балкан е насочен кон забрзување на европската интеграција на земјите од Западен Балкан и кон придонесување за секоја од земјите на нејзиниот пат кон членство во ЕУ во разумен временски период.

„Отворен Балкан е наш автентичен континуитет на Берлинскиот процес. Со меѓународната поддршка на иницијативата ја засилува европската интеграција на регионот и е во целосна усогласеност со европските политики и регулативи“, посочи премиерот.

Ковачевски уште додаде дека Отворен Балкан продолжува понатаму со отворање нови можности за граѓаните од регионот како што се соработката во туризмот, поголема културна соработка во регионот и креирање на заеднички календар на културни настани што ќе донесе поголема мобилност на публиката и ќе го поттикне културниот туризам.

Share
Scroll to Top