Ковачки до Спасовски: Ако сакате да живеете во спомени, повлечете се од политиката и пишувајте мемоари

пред 2 години

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, со празна емоција се потсетува на 2015 година, вели во објава на социјалните мрежи Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ, како одговор на текстот на Спасовски кој денеска на „Фејсбук“ се потсети на годишнината од протестот на 17 мај 2015 година, одржан против тогашната власт.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„Човек да се запраша дали некој го известил дека сега сме 2022 година, а не 2015 и дека за 2 седмици влегуваме во 6 (шестата) година од дивеењето на ДУИ и СДСМ во државата.

Се присетува Спасовски дека го ослободиле судството, независноста на медиумите и што ли уште не.

Спасовски, Заев и Шекеринска не’ ослободиле од “режимот”.

Вака министре Спасовски:

Прво, довербата во Судството е непостоечка односно 9 од 10 граѓани не веруваат во него. Тоа ви го кажа и амбасадорката на САД. Кој лаже, вие или таа?

Второ, од спомени не се живее. Ако сакате да живеете во спомени, тогаш повлечете се од политиката и пишувајте мемоари.

Трето, цели пет години ја труете македонската јавност со Груевски и ланскиот снег, додека истовремено крадете, шверцувате дрога, договарате пресуди и вршите политички прогони врз неистомислениците, газите врз македонското достоинство и плукате на се’ што е македонско“, пишува Ковачки.

Претставнкот на ВМРО-ДПМНЕ воедно констатира дека со 15 пратеници ДУИ, како што вели, командува, ја пљачка државата и на секое ниво земаат мито по сопствено уверување.

„Но, интересот е взаемен, крадат тие, крадете и вие. Без пардон. И кога ќе ве фатат со рацете во медот, веднаш ја активирате приказната за “режимот”. Тука на располагање ви се и “ослободените медиуми” односно вашите платени мегафони кои дебело ги кеширате за да ви ја рашират лагата.

Спасовски ја критикува активната блокада на Собранието, а не сака збор да каже за нецивилизираниот и примитивен однос на неговиот Талат Џафери кон вработените во Собранието“, додава претставникот на опозициската партија кој на министерот за внатрешни му порача дека неговата влада ќе падне и нема повторно да стане.

„И ќе си одговарате од прв до последен, пардон не смее да има за никој. На Македонија и’ треба ред и поредок“, заклучува Ковачки.

Share
Scroll to Top